„Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа“, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук. Мицкоски и Зеленски разговарале и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. „Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, ...

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со украинскот претседател Володимир Зеленски на годишната Минхенска безбедносна конференција, а како што објави на својот фејсбук профил, разговарале за „актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир“. Во македонската делегација на средбата беа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи Тимчо Муцунски. „Веруваме дека ...