Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска потврди дека и таа е запознаена со идеите што се дискутирале во Брисел за забрзано пристапување на Украина во Европската Унија (ЕУ), заедно со Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, но без право на глас, а кои неодамна во телевизиско интервју ги откри премиерот Христијан Мицкоски. Но, како што вели таа, не може да ги коментира, сè додека тие не дојдат на маса како официјален ...

Во Брисел во последните месеци се актуелизираат дебатите за побрз прием на нови членки и измени на досегашните правила. По руската инвазија врз Украина, проширувањето на ЕУ стана безбедносно прашање. Европската комисија разгледува начини за брз прием на Украина во Европска Унија како дел од мировниот договор со Русија, при што таа не би добила полноправно членство веднаш, туку би го стекнала низ процес на транзиција. Идејата за Европа во „две ...

Најголема инвестиција и гаранција за мирот и безбедноста, не само на Западен Балкан туку и на Европа, е нашето членство во Европската унија, и тоа му го кажав денес на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Вила Водно. Таа кажа дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важно заради трајна отпорност на влијанија од трети сили. „Очекувам на Самитот на НАТО во Анкара ...