Преселбата од Рајо Валјекано во Валенсија требаше да биде супер-трансфер на Столе Димитриевски, но сонот експресно се претвори во кошмар па македонскиот репрезентативец мина година и половина греејќи ја клупата на овој тим. Кризата кулминираше по неговото интервју на македонски подкаст кога Димитриевски отворено ја критикуваше управата за прекршени ветувања, за што Македонецот беше казнет и се чинеше дека во јануари дефинитивно ќе си замине ...
Столе Димитриевски влезе во јануарскиот преоден рок како играч кој е на излезни врати од Валенсија, но после само три дена во новата година, стана јасно дека ситуацијата на македонскиот голман значително се менува и добива нов пресврт. Тешката повреда на Хулен Агиресабала отвора можност за Димитриевски да биде прв голман на Валенсија во наредните два месеци, а тоа значи дека Македонецот конечно ќе добие континуитет под водство на тренерот ...

