Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија да добие уште подобар извештај од Европската комисија, бидејќи, како што вели, дел од реформите што ги спроведува Владата не се опфатени со годинашното оценување. Во однос на уставните измени, порача дека владината позиција останува непроменета. Според Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил дека земјата постигнала значителен напредок во споредба со минатата година. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот извештај и потврдата од страна на амбасадорот Рокас, како и за уставните измени, изјави: „Па да самиот амбасадор вчера на прес-конференцијата кажа дека во суштина споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но, исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги ...