– Минатата година фокусот беше насочен кон стабилизирање на системската поддршка за институциите, унапредување на условите за работа и реализација на значајни капитални и програмски проекти – истакна Љутков, посочувајќи ги капиталните проекти како Плаошник, скопско Кале, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот Трескавец, Аквадуктот, старата џамија во селото Равен… од кои дел треба да бидат завршени наредната година или, пак, се ...

Активностите на Плаошник, како еден од најзначајните духовни и културни центри во државата, продолжија и во 2025, а интензивно се реализираат активностите на скопското Кале и во музеите во овој комплекс. Работите се во напредна фаза и се очекува нивно целосно завршување до февруари или март наредната година. Започна и целосната конзервација и реставрација на Спомен-домот на Разловечкото востание во селото Разловци, проект што се реализира во ...