На 27 декември, од 18 часот па сè до фајронт, Култура Бета го организира последниот настан на локацијата Луј Пастер 3А, во кафе-книжарницата „Буква“. Со овој настан симболично се затвора едно важно поглавје – не само за Култура Бета, туку и за независната културна сцена во Скопје. Со крајот на годината завршува и првата епизода на „Буква“ на оваа адреса. Простор кој беше повеќе од кафуле или книжарница – дом, засолниште, сцена и место на ...
Оваа сабота (27.12) ќе се одржи повеќечасовен настан во организација на Култура Бета насловен „Под роговите на упорноста“ по повод на затворањето на кафе-книжарницата „Буква“ на нејзината моментална локација. Настанот во себе обединува повеќе сегменти со кои ќе се заокружи циклусот на настани преку кои здружението Култура Бета го развиваше своето дејствување токму во „Буква“, која меѓу другото служеше и како своевиден културен центар. Со ...

