Роб Рајнер, кој почина на 78-годишна возраст, од еден од најпрепознатливите телевизиски ликови во 1970-тите изгради кариера како еден од најценетите режисери на комедија кон крајот на 20 век. На публиката ѝ се претстави како Мајк Стивик-Митхед, пацифистички настроениот зет и трн во око на конзервативниот работник Арчи Банкер, ликот што го толкуваше Керол О’Конор, во култната ТВ-серија, „Сè во семејството“ (All in the Family) од 1970-тите. ...

Помладиот син на убиениот холивудски режисер Роб Рајнер, Ник Рајнер, денеска повторно ќе се појави пред суд, каде ќе се изјасни за обвинението за убиство на своите родители. Првото појавување на Ник Рајнер пред суд беше ненадејно прекинато на 17 декември, кога судијата го одложи рочиштето за три недели на барање на одбраната, пренесува „Ројтерс“. Се очекува Рајнер да се изјасни дека не е виновен. Тој е обвинет по две точки за убиство од прв ...