Навивачите на Барселона вчера имаа задоволство да го проследат пристигнувањето на Родри и Жоао Кансело, двајца фудбалери кои од различен аспект имаат голема важност за екипата и тренерот Ханси Флик. Кансело конечно ја заврши етапата во Саудиска Арабија и потпиша договор со Барса, екипа за која настапуваше и минатата сезона како позајмен играч, додека Родри е големо засилување од редовите на Манчестер Сити. Иако во сенка на позитивните вести, ...

Барселона брзо „спакува“ две засилувања во период од 24 часа, бидејќи после Родри, денеска го претстави и петтата летна аквизиција за тимот на Ханси Флик. Шпанскиот првак и даде предност на операцијата Родри поради фактот што имаше комлексни преговори со Манчестер Сити, а откако тоа се заврши, денеска службено беше потврдено дека петто летно засилување за тимот на Флик е Жоао Кансело. Португалецот го раскина договорот со Ал Хилал и пристигна ...