Светата Црвка секој ден врши помен на своите светители. Но, бидејќи има угодници Божји кои се подвизувале незабележано, и не ѝ се јавно познати на Црквата, за да и нив не го остави без чествување, Светата Црква установила ден во којшто ги прославува сите што Му угодиле на Бога, во сите векови, за да не остане никој кого Таа не го прославува. Да се извршува ова празнување во неделата после слегувањето на Светиот Дух е устроено затоа што сите ...

Роден е кон крајот на 17 век во Малорусија. Служеше како војник во армијата на Петар I и учествуваше во руско-турската војна. Беше заробен од татарите, и предаден на Турците. Турците се обидуваа затворениците да ги преобратат во муслиманската вера, и оние кои се противеа беа многу мачени. Но, при сето тоа младиот Јован не потклекна, туку остана цврст во својата вера. Некој турски бег го купи за да му биде роб, го постави да живее во штала, ...

Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архијерејскиот престол во Халкидон. Како архијереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и сиромашните. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го ...