Црвена Звезда доживеа ново европско фијаско откако српскиот првак беше елиминиран во третото квалификациско коло за ЛШ, губејќи ги и двата меча од израелскиот Хапоел Бер Шева. Првиот дуел заврши со минимални 1-0 за Израелците, „црвено-белите“ беа суперфаворити на реваншот на преполниот стадион во Белград, но се случи спротивното. Хапоел беше тимот што одигра подобар меч на „Рајко Митиќ“, знаеше да ги искористи своите шанси и славеше со 0-2, ...
По разделбата со Дејан Станковиќ, во Црвена звезда започнаа да се разгледуваат различни опции за нов тренер, а едно од позвучните имиња кое се поврзува со белградскиот клуб е Рафаел Бенитез. Шпанскиот стручњак има богато европско искуство и зад себе периоди на клупите на некои од најголемите клубови на континентот. Врвот на неговата кариера беше во Ливерпул, со кој во 2005 година стигна до европската титула по незаборавното финале во ...

