Конечна конкретна мерка, која може да влијае на растот на малолетничкото насилство во училиштата во Македонија. Имено со законските измени на Законот за основно образование, меѓу друго се предвидува со 250 евра да биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска. Казна ќе има и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции. ...
Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, одговарајќи на пратеничко прашање на Сања Лукаревска од СДСМ за одговорноста за случаите со врсничкото насилство ...

