Филмот на американскиот режисер Дејвид Расел „Во добро и во зло“ ја освои награда на публиката на Филмскиот фестивал во Торонто во 2012 година. Сценариото на филмот е инспирирано од романот на Метју Квик, кој со хумор се занимава со човек кој целосно се изгубил себеси во својот професионален и личен живот. Пат Солатано (Бредли Купер) изгубил се, куќата, сопругата и работата. Завршил на психијатриска клиника и после осум месеци се враќа да ...

По повод Денот на планетата Земја (кој се прославува на 22 април), публиката од регионот ќе има можност бесплатно да го гледа еколошкиот документарен филм „Дивиа“ во режија на Дмитро Хрешко, автор од Украина. Филмот ќе биде достапен онлајн од 22 до 29 април преку линкот ondemand.kinomeetingpoint.ba. Проекцијата се одржува како дел од програмата „Екоскоп“, иницијатива на фестивали обединети во Фестивалската мрежа на Јадранскиот Регион: ...

Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ, кој учествуваше на 39. Филмски фестивал во Болцано, Италија, како филм во Главната натпреварувачка програма, ја освои Наградата за поддршка на дистрибуцијата на филмот од автономната покраина Трентино – Јужен Тирол. Меѓународното жири кое одлучуваше за наградите беше во состав Андреа Бернард – режисер и архитект од Италија, Сузан Бург – филмска критичарка од Германија, Роберто Фарнети ...