Фудбалерите на Овче Поле го загубија најважниот натпревар сезонава, откако во 21. коло од Третата лига – Исток беа поразени на гостувањето кај Хоризонт Турново со 2:0. Поразот на тимот од Свети Николе директно влијаеше на шампионската трка, бидејќи Победа Валандово со триумфот од 3:1 против Карбинци и математички ја обезбеди титулата во источната конкуренција. Со новите три бода, валандовчани стигнаа до 44 бодови и на коло пред крајот ...

Екипата на Победа Валандово стигна до триумф од 1:3 на гостувањето кај екипата на Карбинци во рамки на претпоследното коло на Трета лига – Исток, а притоа поразот на Овче Поле од Хоризонт Турново, значи дека „калинкарите“ на едно коло до крајот се шампиони во Трета лига – Исток и ќе играат бараж за Втора лига. Само пет минути требаше за тимот од Валандово да има двојна предност против Карбинци преку Филип Зајков и Никола Костадинов, а веќе ...

Иако во некои од петте трети фудбалски лиги на Македонија првенствата се уште не се завршени, конечно се познати сите клубови кои ќе играат бараж за настап во Втората лига. Последен учесник е Победа од Валандово која со неделната победа во Карбинци го осигура првото место во Третата лига – Исток. Останатите учесници во баражот беа познати пред две три кола. Тоа се Еуромилк од Горно Лисиче (Север), Кајмани од Камењане (Запад), Борец од Велес ...