Селото Стримница во Општина Желино е поплавено, откако реката Вардар, која минува низ средината на селото, се излеа од коритото. Освен тоа, дел од селото остана и без електрична енергија. Жителот на Стримница, Бујамин Рустеми, вели дека ова е четврти пат како водата ги поплавува нивните домови. Ги повикува институциите да преземат конкретни мерки, односно да го исчистат коритото на реката Вардар за да не се повтори истото. „На некои водата им ...
Во Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено, а состојбата во градската болница е нормализирана. Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства. Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината. Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат ...

