Денеска, среда од 12 часот во организација на Градската библиотека и читалница во Котор, Црна Гора во Мултимедијалната сала на Културниот центар „Никола Ѓурковиќ“ ќе се претстави НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Публиката ќе има можност да се запознае со животот и делото на Григор Прличев, поетот и преродбеник од XIX век , но и со богатото книжевно наследство кое грижливо го чува Библиотеката во Охрид. Посебно внимание ќе привлече ...

Директорките на ЈУ Културен центар „Никола Ѓурковиќ“ и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Радмила Радуловиќ и Христина Трпеска вчера потпишаа Меморандум за соработка по повеќе области од заеднички интерес. Преку Меморандумот двете страни ќе работаат на унапредување на културната размена , промоција на книжевноста, уметноста и образованието, културното наследство како и зацврстување на пријателските врски помеѓу Црна Гора и Македонија. ...