Проектили, дронови, урнати авиони, загинати американски војнци, мртви државници и цивили – и по три дена војната во Иран не стивнува, а полека во конфликтот ги вовлекува и соседните земји во хаос. Експлозии се слушаат во речиси сите поголеми градови во Персискиот Залив, вклучувајќи ги Дубаи, Абу Даби и Доха. Во конфликтот се појави речиси унишетниот Хезболах, кој од Либан го рекетира Израел. Продолжуваат и бомбардирањата на американците и ...

Иран во вторник објави дека сегашната војна со Соединетите Американски Држави и Израел ќе заврши „кога ќе престане агресијата“, објавува Анадолија. Обраќајќи им се на новинарите во основно училиште погодено од американско-израелскиот напад во Техеран, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, рече дека војната „не ја започнал Иран, чиј избор била дипломатијата“. САД и Израел започнаа голема офанзива против Иран во ...

Добивај вести на Viber Иранското Министерство за одбрана соопшти дека Иран е подготвен за долготрајна војна против САД и Израел и досега не го употребил своето најнапредно вооружување. „Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго отколку што непријателот планирал за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството Реза Талаеи-Ник, пренесе државната новинска агенција ИРНА. Тој додаде дека ...