Под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“, македонскиот маратонец Томи Стефановски денеска ќе плива на релацијата Градиште – Градско пристаниште во Охрид, каде неговото пристигнување се очекува околу 12:30 часот. Хуманиот спортски предизвик се одржува токму на 14 август, денот кога се навршуваат 17 години од историското препливување на каналот Ла Манш на Стефановски. На 14 август 2009 година тој го совлада Ла Манш ...

Денеска на градското пристаниште го пречекавме македонскиот маратонец Томи Стефановски кому му врачив плакета за подвигот со кој ја исплива релацијата Градиште – Пристаниште под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“ како поддршка на децата со атипичен развој. Томи не пливаше само кон целта, пливаше за една поинклузивна заедница. Хуманиот спортски предизвик е токму на 14 август кога се навршуваат 17 години од ...

Стефаноски попладнево пристигна на Градското пристаниште во Охрид, откако ја исплива предвидената делница од Градиште. На целта беше пречекан од граѓани и поддржувачи на иницијативата, како и од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. Под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“, денешниот спортски подвиг имаше пред сè хумана мисија, да испрати порака за прифаќање, еднаквост и рамноправно ...

Царинската управа денеска соопшти дека во изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз. Оттаму информираат дека Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. – Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за ...