Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа и вториот меч за помалку од 24 часа. Откако синоќа беа поразени од Висла Плок (25-28) во Лигата на шампионите, битолчани попладнево славеа со убедливи 43-19 во меч од македонската Супер лига. Овој натпревар беше од последното, 22-ро коло, на регуларниот дел, па сега дојдоа на само минус два од Вардар, но лидерот има и натпревар помалку. Сепак, „црвено-црните“ утре го играат дербито на колото ...

Ракометната федерација на Македонија ги извлече редните броеви за плеј-офот во машката конкуренција. Првото коло донесе дерби на градските ривали Алкалоид и Вардар, додека Е. Пелистер гостува кај Тиквеш. Во третиот натпревар силите ќе си ги одмерат Бутел и Охрид. Плеј-офот започнува на 28. февруари. Вардар влегува како лидер со 42 бода, второпласиран е Пелистер со 38, Охрид и Алкалоид имаат по 35, додека Бутел и Тиквеш по 22 бодови. Крадењето ...