Денес, на 7 Мај – Денот на македонската полиција, им оддадовме признание на сите полициски службеници кои секојдневно, професионално и пожртвувано се грижат за безбедноста на граѓаните и стабилноста на државата. Македонската полиција отсекогаш била и ќе остане еден од најсилните столбови на државноста и чувар на поредокот, сигурноста и достоинството на Македонија. Со длабока почит се сеќаваме и на сите полициски службеници кои го положиле ...
Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите ...

