Турската телевизија „Коџаели ТВ“ објави информација дека Дарко Чурлинов има активна понуда да се врати во Полска од еден од тамошните прволигаши. Понудата стигнала пред Нова година, но Коџаелиспор веднаш ја одбил и нема намера да му дозволи на нашиот репрезентативец да си замине оваа зима. Офанзивниот играч кој се приклучи на Коџаелиспор на почетокот на сезоната, привлече внимание со својата одлична форма во последните натпревари. ...
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов има сериозни понуди за повторно враќање во Полска, каде настапуваше во дресот на Јагелонија. Чурлинов во финишот на есенскиот дел од сезоната демонстрираше одлични партии во дресот на турскиот Коџаелиспор, па веднаш следеше интересот од неколку полски клубови за негово враќање во земјата. Легија Варшава се спомнува како најзагреаниот клуб за негов ангажман, но како што пренесуваат турските медиуми ...

