Каират и Олимпијакос го одиграа „најстудениот“ меч во Лигата на шампионите бидејќи температурата беше -21 степен, но на овој натпревар се случи и најголемото промашување. Мароканскиот репрезентативец Ајуб Ел-Каби во 90-тата минута изби „очи во очи“ со домашниот голман, успеа да го мине, но кога се најде пред празната мрежа, топката ја упати само во стативата. На крајот Олимпијакос ја сочува предноста од 0-1 и победи на студеното гостување во ...

По комплетирање на шестото коло во првата фаза од фудбалската Лига на шампиони, одредени се петте тима кои дефинитивно ќе играат во нокаут рундата. Арсенал, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Аталанта, кои ги заземаат првите пет места на табелата, го обезбедија своето место во плејофот. Седмото и осмото коло од Лигата на шампионите ќе се одржат во јануари 2026 година. Тимовите кои ќе завршат од првото до осмото место директно ќе ...