Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално го освоија второто место во Супер лигата и следната сезона ќе имаат можност да настапат во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани три сезони по ред беа шампиони на Македонија, но оваа сезона завршија со 52 бода, колку што има и Охрид на третата позиција, односно осум помалку од шампионот Вардар. Во мечот од последното коло, Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше над Алкалоид со 31-26 и ...

Еден од најтрофејните ракометни стратези во Европа, Лино Червар, и официјално пристигна во Битола каде беше промовиран како нов тренер на Еурофарм Пелистер. Во амбиентот на Офицерскиот дом, легендарниот хрватски тренер ја презентираше својата визија и планови за работа, со јасна цел – враќање на Пелистер на врвот во македонскиот ракомет и создавање конкурентен тим на европска сцена. Червар и битолскиот клуб потпишаа договор за соработка на ...