По повеќе од десет години целосно е исчистен каналот за наводнување во село Спанчево. Во соработка на Општина Чешиново – Облешево и АД Водостопанство, со специјални машини се пристапи кон чистење на каналот кој е од големо значење за земјоделците. Дополнително со ваквиот потег се отстранува ризикот од поплави, кои беа присутни при пообилни врнежи од дожд. „Станува збор за 11,4 метри канал кој прибира 36 метри кубни вода и самото тоа кажува ...

Со полна акумулација Калиманци и функционална каналска мрежа, годинава започнува наводнителната сезона во Кочанската Котлина. По повеќе од една деценија, со специјална механизација целосно е исчистен каналот за наводнување во селото Спанчево, со што ќе се обезбеди сигурен проток на вода кон земјоделските површини. Каналот е долг 11,4 километри, со капацитет од 36 кубни метри вода. Со неговото расчистување не само што ќе се подобри ...