Она што до пред неколку години изгледаше речиси незамисливо, денес станува реалност. Над 10.000 продадени билети за две стендап вечери во арената „Борис Трајковски“ во Скопје! Младиот актер и стендап комичар Стефан Николовски испишува ново поглавје во македонската забавна индустрија, носејќи ја стендап комедијата на ниво на големите музички и сценски спектакли. На 12 и 13 декември, повеќе од 10.000 Македонци се очекува да ја исполнат арената ...

Стендап комичарот Стефан Николовски ќе одржи и втор настап во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на 13 декември, откако се распродадени билетите за првиот, закажан за 12 декември. Настанот е насловен „Ацо наш“. Поради големиот интерес на публиката, „Прагма“ продукција закажа уште една вечер, за која, според нив, остануваат малку слободни места. Николовски е првиот македонски стендап комичар кој ќе настапи со самостојно шоу во Арената. ...