Две лица се повредени во силна експлозија што утрово, нешто пред 8 часот, се случила во ресторан за брза храна во загребската населба Подсусед. Од Полициската управа во Загреб потврдија дека според првичните сознанија, најверојатна причина за инцидентот е истекување на гас. Експлозијата се случила на улицата Стара Самоборска Цеста, а полициските екипи во моментов вршат увид за да ги утврдат сите околности, додека тежината на повредите кај ...
Ресторан за брза храна утрово експлодирал во Загреб, при што биле повредени двајца луѓе, пренесува „Јутарњи“. Причината за експлозијата најверојатно е истекување на гас, соопшти хрватската полиција. Сведоци на настанот изјавиле дека покривот на објектот за брза храна одлетал и завршил на железничката станица во близина, а делови од објектот се разлетале врз автомобили. Повредените се пренесени во Клиниката за трауматологија во Загреб, а ...

