Се повеќе зовриваат страстите во пресрет на големото дерби меѓу Вардар и Шкендија што на програмата е утре, во кое „вардарци“ влегуваат со четири бода предност во однос на актуелниот првак. Тетовци веруваат дека можат да стигнат до цел плен и да му се реваншираат на Вардар за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната, сега кога по елиминацијата од Конференциската лига се целосно насочени кон настапот во ПМФЛ. „Игравме добро во ...

Дерби пресметката денеска од 14.00 часот во 21 коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со актуелниот лидер Вардар доаѓа во вистински момент за шампионот Шкендија. Тетовскиот тим е во одлична пролетна серија, победи на сите натпревари во вториот дел од сезоната, ги заврши настапите во Европа, и сега максимално може да се фокусира кон домашниот шампионат. Свесни се и од таборот на ...

Шкендија направи голем чекор во трката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако како гостин го совлада Вардар со 0-1 во дербито на колото. Одлучувачкиот момент се случи во 66. минута кога Лиридон Љатифи ја затресе мрежата на Давор Талески и му донесе значајна победа на тетовскиот состав. Претходно и двете екипи имаа свои моменти, но голманите беа на висина на задачата. За Вардар ова беше прв пораз во тековната ...