Новиот шампион Проект вечерва лесно се чекираше во големото финале од футсал Купот на Македонија откако со неверојатни 11:0 буквално го „збриша“ тимот на Клими од Кавадарци. Тимот од Јосифово имаше лесна задача вечерва во Гевгелија, а гостинската екипа од Кавадарци немаше сили ниту на момент да го запре налетот на расположениот Проект кој сигурно оди кон освојување на двојната круна. Дури четири играчи беа двојни стрелци – Мартин Тодоровски, ...
Во големото финале од футсал Купот на Македонија ќе се сретнат екипите на Проект и Кеги Моби, во дуел кој ветува вистински спектакл. Тимот на Проект влегува како апсолутен фаворит – единствен непоразен состав во македонскиот футсал оваа сезона, во сите конкуренции. Клубот од Јосифово веќе ја обезбеди шампионската титула, а сега има јасна цел – да ја освои и Куп-титулата и да ја заокружи сезоната со „двојна круна“. Доминирајќи во текот на ...

