На собраниската седница, една од точките на дневен ред и предлог-законот за владата, по скратена постапка, поднесен од СДСМ. Се бара забраната за двојно државјанство да важи и за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за изменување и дополнување на законот за пратеници, со кој се воведува дополнителен услов, народен избраник да стане само лице со ...
Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за влада – министрите да имаат само македонско државјанство. За измените на законот предложен од СДСМ гласаа само 20 опозицики пратеници. СДСМ предложи измени на Законот за Влада за тој да биде компатибилен со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – пратениците да имаат само македонско државјанство. Законското решение го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер ...

