Јас во идеална ситуација би сакал да ги слушнам кандидатите за државен јавен обвинител, дали ќе биде тоа преку нивна програма писмена или тоа да го образложат дали пред Советот за јавни обвинители, а уште подобро и пред собранието кое понатаму ќе одлучи, истакна адвокатот Александар Гоџо во денешното издание на „Директно“ на Телма ТВ. „Да потсетам дека во многу држави има процес на номинација, особено за овие критични, високи државни функции. ...

Да се објават резимеата и програмите на кандидатите и да се организира јавна дебата во која кандидатите за државен јавен обвинител ќе ги образложат своите визии и приоритети, предлага обвинителката Ленче Ристоска, една од четирите кандидати за кои Советот на јавни обвинители на вчерашната седница даде позитивно мислење и ги препрати на Владата во понатамошната постапка за избор. Советот го дисквалификуваше единствено поранешниот судија ...