Македонија води против Луксембург со 44-32 по првото полувреме на натпреварот од третото коло од претквалификациите за Светското првенство во кошарка кое ќе се игра во 2029 година. На мечот во реновираната сала „Градски парк“ која и покрај најавите дека сите билети се продадени, не е исполнета до последно место, македонскиот национален тим на дебито на селекторот Жосеп Марија Берокал најверојатно ќе триумфира, но не блеска со некоја којзнае ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше многу подобра во второто полувреме и на крај триумфираше со 78-70 на гостувањето кај Азербејџан, што за нашата репрезентација е четврта победа во четирите меча од претквалификациите за Светско првенство. Откако Азербејџан поведе со големи 18 поени разлика во средината на втората четвртина, нашите сфатија дека нема шега и заиграа многу посериозно, па како одминуваше времето, квалитетот доаѓаше ...