Два „мерцедеса“ се одземени откако полицијата утврдија дека со фломастер се сменети регистарските таблички за да се избегне одговорноста по евентуалните регистрирани прекршоци од камерите на „Безбеден град“. Од МВР потсетуваат дека целта на системот „Безбеден град“ е да се намали бројот на жртви и повредени во сообраќајот, но и сообраќајните прекршоци кои во минатото го доведуваа во опасност животот на учесниците во сообраќајот. Од МВР ...

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има право да одземе такво возило. Под управување без возачка дозвола се смета возачот никогаш да не положил возачки испит, дозволата да му е трајно одземена, или да управува со возилото во период кога му е изречена мерка привремена забрана за управување со моторно возило. За нешто ...