Стони Брук на македонскиот интернационалец Андреј Шошкиќ го претрпе 12. пораз во 29. сезонски натпревар во НЦАА лигата. Андреј и другарите загубија на гостувањето кај Монмут Хокс со 82:69. Домаќините клучната разлика ја направија во првиот дел кој го добија со 49:35, предност која потоа ја одбранија и дојдоа до триумф. Шошкиќ на овој меч не беше двоцифрен, уфрли 9 поени со 1 скока, 1 украдена топка, Браун и Прат беа најдобри негови соиграчи ...
Стони Брук на Андреј Шошкиќ го претрпе вториот пораз во низа во НЦАА лигата и тоа на гостувањето кај универзитетот Хофстра. По израмнетото прво полувреме (32:32), домаќините прикажаа повеќе во вториот дел и со 67:58 дојдоа до 20. сезонско славје. Имено Стони Брук на ова соочување настапи без својот најдобар играч Ерик Прат кој беше суспендиран поради плукање на противнички навивач на претходниот натпревар, а тоа дефинитивно се почувствува во ...

