Полуфиналните парови за Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во кошарка, чија завршница се одржува во Куманово, би требало да донесат возбуда и интересни пресметки за влез во утрешното финале. Од 17 часот, играат МЗТ Скопје Аеродром и Кожув, што е реприза на ланското финале. Металците се големи фаворити, и би требало да се најдат во уште едно финале во натпреварувањето во кое се најтрофејни според бројот на освоени пехари. Една од бројните ...
Куманово се пласираше во финалето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во втората полуфинална средба за овој ден славеше против ТФТ со 79-87. ТФТ подобро го започна натпреварот за водство од 24-18 по првата четвртина, но Куманово успеа да го најде решението за „црно-белите“, одигра далеку подобро во нападот и стигна до изедначување на полувремето за 45-45. „Сино-белите“ продолжија во истото темпо, успеаја и да поведат и да влезат во ...

