Македонија бележи раст на извозот на свежо овошје и зеленчук Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на Радио Лидер изјави дека државата не е увозно зависна кога станува збор за свежи земјоделски производи. Тој посочи дека последните податоци покажуваат значителен раст на извозот, при што домашните потреби се целосно задоволени, а квалитетното производство се пласира и на странските пазари. ...

Минатата година, ако се анализираат сите тримесечја во споредба со 2024 година, а особено последниот извештај, се потврдуваат позитивните движења во земјоделскиот сектор. Според официјалните податоци, вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје достигнала 12,5 милијарди денари, што е зголемување од 15 проценти во однос на истиот период лани, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ...