Девет години нерешени прашања ја загрозуваат работата на такси-превозниците и безбедноста на патниците, соопшти Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје. Таксистите укажуваат на диви превозници, непријавени возачи и нерегуларности со таксиметрите. Дополнителен револт предизвикало одбивањето за издавање лиценци на возила постари од 2011 година. Според нив, ваквата мерка може да остави стотици возачи без работа. Од Владата бараат законски ...

Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје соопшти дека авто такси превозот во Скопје се соочува со сериозни поблеми и апелира надлежните институции да преземат мерки за нивно надминување. – Девет години наназад се наталожуваат бројни нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на авто такси превозниците, безбедноста на патниците, нереална наплата на такси услугите…. И покрај бројните укажувања и иницијативи, институциите се уште ...