Пред голем број љубители на спортот, полуфиналната вечер на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ понуди вистински фудбалски спектакл и атмосфера за паметење. Екипите прикажаа борбена игра, исполнета со неизвесност, атрактивни потези и ефектни голови, а желбата за пласман во финалето беше видлива во секој момент од натпреварите. Трибините беа исполнети до последното место, а поддршката од публиката создаде одлична спортска атмосфера. ...

Турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ стигна до својата голема завршница. По денови исполнети со спортски возбудувања, неизвесни натпревари, навивачка атмосфера и дружење, утревечер ќе бидат познати конечните победници на годинашното издание на традиционалниот турнир. Организаторите истакнуваат дека вистинската вредност на турнирот не се само освоените трофеи и пласмани, туку пријателствата, заедништвото и убавите спомени создадени меѓу ...