Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари. Според ССМ, кошницата во февруари изнесува 67.382 денари, а споредена со вредноста во претходниот месец, кога изнесувала 66.413 денари, е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари. Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на ...

