Од денес започнува климатолошкото лето, период кој според метеоролошките стандарди ги опфаќа месеците јуни, јули и август. За разлика од календарското лето, кое започнува со летната долгоденица на 21 јуни, климатолошкото лето секоја година стартува на првиот ден од јуни. Добрата вест е што според актуелните прогнози, Македонија во првите денови од летната сезона нема да се соочи со екстремни горештини какви што веќе зафатија делови од Западна ...
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денес. Попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој повремено ќе дува со брзина од 60 километри на час. Минималната температура во Скопје ќе се движи од околу 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 32 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината ќе има ...

