Жител на Неготино останал без 27.000 денари откако наседнал на лажна СМС-порака за наводен сообраќаен прекршок. Случајот бил пријавен на 19 август во ОВР Неготино. Според пријавеното, 44-годишниот маж добил порака во која било наведено дека треба да плати сообраќајна глоба од 920 денари, но доколку плати веднаш, му следувал попуст од 50 проценти и требало да уплати само 460 денари. Мажот ги следел инструкциите од пораката и со платежната ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни ...
Странските возачи што ќе направат сообраќаен прекршок во Македонија наскоро ќе можат полесно да ја проверат и платат казната преку нова електронска апликација на Министерството за внатрешни работи. Системот овозможува увид во износот на глобата, фотографија од возилото и регистарската табличка, како и електронско плаќање. Новата апликација е наменета за странски државјани кои со своите возила ќе бидат регистрирани како прекршители преку ...

