Младинските селекции на Детонит Плачковица утре, сабота (21 февруари), ќе одиграат пријателски натпревари од контролен карактер против Академија Врање 23 во Врање, Србија. Во рамки на ова гостување ќе настапат генерациите 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013, како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во младинската лига. Планирано е да се одиграат три контролни натпревари, во кои сите генерации ќе добијат можност за настап и проверка на ...

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица нема да може да го одигра четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Силекс на Градскиот стадион во Радовиш. Причината е тоа што стадионот нема ВАР-технологија, која согласно пропозициите е задолжителна од оваа фаза на натпреварувањето. Во Втората лига ниту еден стадион нема ВАР-технологија, бидејќи истата не се применува во второлигашкиот шампионат. Од таа причина и второлигашот ...