Постојаното покачување на цените на медицинските производи и лековите – особено оние што не се секогаш покриени со рецепт – сè повеќе ги вознемирува граѓаните. За многумина, редовната терапија станува финансиски товар, најмногу за хронично болните, пензионерите и лицата кои живеат од социјална помош. Од Фармацевтската комора информираат дека кај дел од фармацевтските компании се забележува континуирано зголемување на цените, особено кај ...

Јануари, ниски температури и чести временски промени – период кога традиционално се зголемува бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип. Според официјалните податоци од Министерството за здравство, на крајот на декември, односно во периодот од 22 до 28 декември, во Македонија биле пријавени 771 случаи на грип и заболувања слични на грип (инциденца 42 на 100.000 жители). Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела и ...