Кошаркарите на Маџари ја извојуваа десеттата сезонска победа и славеа со конечни 105-83 над Чаир 2030 во натпреварот од деветнаесеттото коло на македонската Суперлига. Домашниот тим влезе многу помотивирано во мечот и покажа дека е порасположен за игра, а тоа се манифестираше со одлична игра во првото полувреме. Маџари убедливо ги доби првите две делници, создавајќи предност од 18 поени на паузата (52-34). Чаирчани одиграа нешто подобра ...
Дебитантот Маџари е на чекор до влез во плејоф разигрувањето откако скопскиот суперлигаш славеше во пресметката со Чаир со 105-83, зацврстувајќи си ја позицијата во битките за место во Топ 6. Откако во првиот круг од натпреварувањето загубија во Чаир, кошаркарите на Маџари вечерва одиграа маестрално, нападот на тимот предводен од тренерот Тодоровиќ функционираше беспрекорно, па триумфот е апсолутно заслужен. Гостите парираа само до 12-10, по ...

