Многу прашања отвори образложението на Јавното обвинителство – во кое објасни зошто била донесена одлука затворскиот притвор за Артан Груби да биде заменет со куќен притвор. „...По проценка на надлежните органи - МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка“, ...
По повод бројните бурни јавни реакции во врска со одредувањето на куќен притвор на Артан Груби, Јавното обвинителство се огласи со соопштение до јавноста. Како што порачаа од обвинителството, обвинителите работеле согласно закон, и апелираат јавноста да се воздржи од коментари. Во прилог, целосното соопштение на обвинителството: -Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување ...
Одлуката поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој беше во бегство 14 месеци, наместо во затворски да оди во куќен притвор е топ тема во јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор Затворскиот притвор му беше одреден додека беше во бегство. Предлогот дојде од Основното јавно обвинителство, а ...
Адвокатот на Артан Груби и денеска бил во обвинителството на увид во документацијата за предметот Државна Лотарија во кој Груби е второосомничен. Додека не заврши увидот во документацијата, осомничениот поранешен вицепремиер нема да се изјаснува и да дава исказ пред обвинител, ни изјави телефонски адвокатот Гоце Ристовски. Тој не сакаше да прецизира колку ќе трае увидот во документацијата на одбраната. Дотогаш Груби е во притвор ама домашен ...

