Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе ги разгледа аргументите на Алпин во врска со казните на трката во Монако одржана во неделата. ФИА го прифати барањето на тимот Алпин за преиспитување на казните на Пјер Гасли на Големата награда на Монако. Гасли заврши трет, но падна на седмото место поради две казни за пребрзо возење во боксот. ФИА ќе го разгледа случајот утре (11 јуни). Состанокот ќе се одржи виртуелно и ќе биде поделен на два ...
Пјер Гасли чекаше долго, но на крајот дочека прифаќање на жалбата на неговиот тим Алпин, со што на Французинот му е вратено третото место на Формула 1 трката во Монако. Гасли ја загуби третата позиција поради заработената казна за пребрзо возење во боксот, одлука за која неговиот тим не се сложуваше, за ФИА денеска да потврди дека пилотот не ја надминал дозволената брзина и му потврди нов подиум во Ф1 кариерата. Гасли доби две казни од по пет ...

