Расмус Хојлунд продолжи со одличните изданија во дресот на Наполи, со два гола предводејќи го овој тим до триумф на гостувањето против Кремонезе. Данецот беше критикуван поради слабата форма во дресот на Манчестер Јунајтед, но преселбата меѓу „наполитанците“ се покажа како вистински потег за овој 22-годишен голгетер. „Мислам дека никој не очекуваше дека Хојлунд може да биде вака добар за нас. Се сеќавам ког апристигна, по првите натпревари ...

Џанфранко Ѕола во повеќе наврати го искритикува потегот на Манчестер Јунајтед да се ослободи од Скот МекТоминеј, но како што минува времето, станува се појасно дека во Наполи се разигрува и Расмус Хојлунд. Данецот кој беше непрепознатлив на „Олд Трафорд“ игра навистина добро како член на Наполи и постигна два нови гола изминатиов викенд, а тоа го натера Ѕола да го посочи младиот напаѓач како играч кој може да биде хит во вториот дел од ...