Музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“, во режија на Дејан Пројковски и во продукција на КИЦ Битола, ја заокружи свечената академија по повод 4 Ноември. Старите фотографии на Битола добија нов живот на сцената на Центарот за култура. Пред сликите на некогашните улици, градски куќи и луѓе, музичари, актери, танчари и хор создадоа современа сценска приказна, во која значајно место имаше и визуелниот перформанс со ...

По доделувањето на четвртоноемвриските награди на свечената академија, публиката во продолжение имаше можност да го проследи музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“. Градот живее и во спомените што ги носиме со себе. Во некоја мелодија, во нечие писмо, во средба што времето не успеало да ја избледи. Во приказните што патувале далеку, а секогаш ѝ се враќале на Битола. Тие приказни добиваат свој звук, слика и ...