Вечерва со мега-дербито во Куманово меѓу шампионот Форца и непоразениот лидер Проект, стартува пролетниот дел во Првата футсал лига на Македонија. Ова ќе биде меч кој можеби и ќе го даде одговорот на тоа дали Проект веќе ќе оди кон прослава на шампионската титула, со оглед на тоа што има шест бодови повеќе, при евентуален триумф би имал девет бодови предност и веќе многу работи ќе бидат решени. За Форца ова ќе биде меч да се биде или не, ...
Проект останува непоразен во Првата футсал лига откако вечерва и по вторпат сезонава го совлада шампионот Форца, овој пат на гостински терен во Куманово со резултат 6:7, за големо славје на стартот од пролетниот дел. Десеттото коло донесе неверојатни 13 погодоци, многу пресврти, неизвесност, шанси и атрактивни моменти. Овој триумф претставува голем чекор кон тоа Проект да стане шампион и по неколку години да ја врати титулата во Јосифово. ...

