Посен зелник, сарма, лепче со паричка, овошје, граѓаните ја подготвуваат својата посна бадникова трпеза. Домаќинките од вечерва започнуваат со подготовка на колачињата, утре ги чекаат коледарите кои го најавуваат христовото раѓање, па продолжуваат со подготовките за бадниковата трпеза. „За бадник се прави посен зелник, посна сарма, гравче тавче и од овошје се што може. Под чаршавот се стават пари за да биде богата годината, а се ставаат и ...

Лепчето или питата со паричка е еден од најраспространетите и најомилени обичаи поврзани со Божиќните празници во Македонија. Иако денеска често се практикува различно од семејство до семејство, традицијата има јасна основа. Во македонската православна традиција, лепчето со паричка најчесто се крши на Бадник, 6 јануари, за време на бадниковата, строго посна вечера. Лепчето се врти над масата, се прекрстува, а потоа се дели на парчиња – прво ...