Станува збор за соработка изградена врз долгогодишни пријателства, различни културни искуства и заедничка љубопитност кон непознатото. Самујан и Бејков се запознале во 2002 година, кога францускиот музичар првпат дошол во Македонија. Нивната соработка низ бројни музички проекти, џез-концерти и компонирање филмска музика прераснала во трајна уметничка врска, која подоцна се проширила и со Поповски и Секуловски. На 5 ноември, „Јавна соба“ ќе ...

Вечерва (5 ноември), во 21 часот, „Јавна соба“ ќе биде домаќин на еден несекојдневен меѓународен џез-состав што ги спојува различните музички светови во автентично звучно искуство. Квартетот предводен од францускиот мултиинструменталист и композитор Оливие Самујан, заедно со македонските музичари Сашо Поповски (гитара), Иван Бејков (контрабас) и Александар Секуловски (тапани), носи музика во која европскиот џез се среќава со балканските ...