Осогово извлече бод во дуелот со Шкендија Арачиново и тоа во судиското надополнување, благодарение на голот на Филип Јованов, кој беше прецизен за конечни 1:1. Овој гол донесе бод за „жетварите“, но и голема радост кај домашната публика, верните „сејмени“ и за самиот град. Осогово продолжува да го напаѓа петтото место што е главна цел до крајот од сезоната. Јованов по мечот истакна дека во фудбалот треба борба до последната секунда, дополнува ...
Екипата на Осогово освои значаен бод на домашен терен, одигрувајќи 1:1 против Шкендија Арачиново во натпревар полн со борба и неизвесност до самиот крај. Дуелот беше решен во драматичен финиш, кога домаќините успеаја да израмнат во последните моменти од средбата. Стрелецот на израмнувачкиот погодок, Филип Јованов, по натпреварот истакна дека токму карактерот и вербата биле клучни за позитивниот исход. „Ова е фудбал, борба до последна секунда. ...

